Денес на програмата беа три натпревари во рамките од 6-то коло од плејофот во ВИП Супер лигата, натпревари кои завршија без големи изненадувања и очекувани резултати.

  • Пролет 22:26 Зомимак

Ракометарите на Зомимак ја продолжуваат трката за второто место на табелата со Металург, откако вечерва славеа на гостувањето против Пролет со 22-26. Иако по првото полувреме ракометарите на Зомимак-М губеа минимално со 12:11, сепак во второто полувреме наметнаа сопственото темпо што им овозможи да го свртат резултатот во своја полза и да слават значајна победа во пресрет на клучниот натпревар, на домашен терен против Металург.

Најефикасен на натпреварот беше Чантурија со 7 погодоци, Пецаковски и Босеовски реализираа по 5 погодоци, додека кај домашниот тим Дамчевски и Трајковски 5 пати се запишаа меѓу стрелците.

  • Прилеп 24-36 Вардар

Вардар уште еднаш ја потврди доминацијата на домашната ракометна сцена со убедливата победа над РК Прилеп со конечни 24:36. Домаќините успеваа да ги задржат налетите на „црвено-црните“ во првото полувреме, па на одмор се замина само со три гола предност за фаворитот (12:15). Но, тоа кратко траеше бидејќи во второто полувреме Вардар набрзина направи серија од 7-0, со што си обезбеди високи 10 погодоци предност, за на крај да славо со конечни 12 погодоци разлика.

Најефикасни кај Вардар беа Тоскиќ и Марковиќ со по 3 постигнати гола, додека кај РК Прилеп беа Бозароски со 5 погодоци и Ангелоски со 4 погодоци.

  • Радовиш 22-29 Металург

Ракометарите на Металург триумфираа на гостувањето кај РК Радовиш со конечни 29:22, поубедливо отколку во првиот меч, на домашен терен. Без поголеми проблеми, „плаво-белите“ покажаа дека во секоја натпревар се подобро и подобро играат, дека полека се подготвуваат за решавачкиот натпревар против Зомимак-М, каде ќе се реши кој ќе заврши на толку посакуваната втора позиција, која носи во СЕГА-лигата следната сезона.

Најефикасен на натпреварот беше Војводиќ со 7 погодоци, додека во спротивниот табор Ордев натпреварот го заврши со 6 погодоци.

ТАБЕЛА:

Место Екипа П Н П Поени
1 Вардар 6 0 0 18
2 Металург 5 0 1 15
3 Зомимак-М 4 0 2 12
4 Тинекс Пролет 2 0 4 6
5 РК Радовиш 1 0 5 3
6 Прилеп 2010 0 0 6 0