Според пропозициите на ИХФ, шест екипи ќе се пласираат на Олимписките квалификации преку овој Мундијал, односно екипите коишто ќе завршат од 2-то до 7-то место. Меѓутоа, ако некоја од тие екипи стане шампион на својот континент, се отвора дополнително место за осмопласираната, деветтопласираната итн.
Што се отвара шанса да може и нашата репрезентација да се пласира на олимписки квалификации ако се исполнат овие три услова:
- – Франција и Германија вечерва да влезат во четврт-финале и со тоа завршиме деветти на СП;
- – Катар да стане шампион на Азија на првенството во октомври;
- – Репрезентацијата која в година во Полска ќе стане европски првак, да биде една од тие што на овој Мундијал во Катар влегле во четврт-финале.