Ракометарите на Зомимак-М денес од 18.00 часот во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица го пречекуваат тимот на Работнички од Скопје. За „рисовите“ ова ќе биде втор натпревар во рок од три дена, по вчерашната победа над Пелистер. Тимот на Работнички по дванаесет одиграни натпревари се наоѓа на осмото место со 13 освоени бодови.
Овој натпревар за Зомимак-М ќе биде и последен пред своја публика во календарската 2014 година.
За сите љубители на ракометот влезот ќе биде слободен.