Во пресрет на денешната ждрепка, министерот за одбрана Борко Ристовски единствено не ја посакува репрезентацијата на Франција, која според него е убедливо најсилната репрезентација во Европа. Со останатите репрезетнации верува дека може да се надигруваат и надеваат на победа, но останува да видиме како ќе заврши ждрепката, која започнува во 14:30 часот.

„Факт е дека ова е Европско првенство, на него играат најдобрите европски селекции, а јас секогаш велам дека на ждребот немам некои посебни желби. За да се оствари врвен резултат на големите натпреварувања неопходно е да се поклопат многу фактори, меѓу другото и да се има доста среќа, па сепак што ќе се случува на шампионатот во Полска е поважно од денешната ждрепка. Би рекол дека имам само една желба, да ја избегнеме Франција од првиот шешир, бидејќи станува збор за убедливо најсилната репрезентација во Европа, со сите други можеме да играме и да се надеваме на победа“ – изјави Борко Ристовски за порталот Екипа.