По неуспехот во квалификациите за ЕП 2014 во групата со Русија и Германија, и последните два пораза во претквалификациите за бараж за СП 2015 од репрезентацијта на Италија, управниот одбор РФМ одлучи Ристо Магдинчев да го повлече од селекторската функција.

„Можам да потврдам дека Управниот Одбор на РФМ го разреши Ристо Магдинчев од селекторската функција. На следниот состанок на УО ќе биде именуван ВД-селектор, што ќе го доврши овој квалификациски циклус“ – изјави Филип Милошевски, генералниот секретар на Ракометната Федерација на Македонија.