РК Борец од Велес следната сезона ќе играат во Супер лигата. откако вчера во бараж средбата во Скопје, на неутрален терен го победија РК Текстилец со 27-23. Велешани по неколкугодишно отсуство пак се враќаат во елитата, и заедно со Вардар јуниор се новите членови на најдобрата лига.
Борец во 1994 година беа победници на Купот на Македонија, а следната 1995 прваци. Потоа следуваше период на стагнација, просечни резултати и испаѓање од лигата.
Ракометарите на РК Борец со пресврт дојдоа до оваа победа, откако на полувреме Текстилец имаше предност од 13:9. Најпрвин во второто полувреме израмнија на 19:19, за потоа да приминат во водство од 4 погодоци, кое го задржаа до самиот крај за радост на сите велешани.
Најефикасни на натпреварот беа Зоран Стојановски со 9 и Ивица Лазаревски со 8 погодоци кај Борец, додека кај Текстилец беа Марјан Савев со 7 и Оливер Пешовски со 8 погодоци.