Македонскиот првак, екипата на РК Вардар продолжува со натпреварите од најелитното натпреварување, во Лигата на шампионите. Нареден противник на ,,вардарци“ е екипата на Колдинг, која во досегашниот натпреварувачки дел нема остварено победа и се наоѓа на последното место на табелата.

Екипата на Вардар на овој натпревар е во поинаков состав. Неколку ракометари останаа во Скопје, не отпатуваа поради здравствени проблеми. Вардар на овој натпревар ќе настапи без Дујшебаев, Штербик, Деревен и Стоилов. Иако видно ослабен, составот на Раул Гонзалес сепак ја има фаворитската улога на овој натпревар.

Натпреварот е закажан за утре (недела) со почеток во 16:50 часот. Правдата на овој натпревар ќе ја дели судиската двојка од Унгарија  Чаба Добровитц и Петар Тајок, а делегат е Халмут Вил од Австрија.

Директен пренос од овој натпревар ќе има на програмата на  МРТ1.