Со натпреварот помеѓу екипите на РК Вардар и РК Радовиш започна последното коло од оваа натпреварувачка сезона. Очекувано победата ја однесе екипата на Вардар совладувајќи ја екипата на Радовиш со високи 35:23 (18:11) со што вардарци ја завршија оваа сезона со максимален број на победи. Најпрецизен во составот на Вардар беше Филип Лазаров со 6 постигнати голови, а од екипата на Радовиш Ордев со 8 и Блажески со 7 постигнати голови.
Натпреварот се одигра во малата сала на спортскиот центар ,,Јане Сандански“, а веднаш по крајот на натпреварот на ракометарите на Вардар им беа доделени медалите и пехарот за освоеното прво место.
Во текот на оваа недела во последното коло ќе се сретнат и екипите на Зомимак-М и Прилеп, како и Металург и Тинекс Пролет.