Во рамките на првото коло од вториот дел од првенството, екипата на РК Вардар убедливо славеше над екипата на РК Прилеп. На самиот почеток РК Вардар дојде до водство, по што гостите возвратија со тоа што во еден момент резултатот на семафорот беше 5:5, а потоа и 8:8. Понатаму следуваше серија од 6:0 на ракометарите на Вардар, со што се зголеми значително предноста во корист на домаќинот. Како одминуваше времето оваа предност се зголемуваше, при што на полувреме екипите заминаа на одмор со резултат 18:11.
Во второто полувреме владееше апсолутна доминација на ракометарите на Вардар, се’ полесно и полесно ја полнеа мрежата на противникот. Во 42-та минута од натпреварот Вардар за прв пат имаше предност од 10 голови разлика со голот на Шишкарев, а потоа преку Лазаров зголеми на високи 12 голови предност. Конечниот резултат на овој натпревар изнесуваше високи 41:26.
Најефикасни од екипата на Вардар беа Шишкарев и Тоскиќ со по 6 погодоци, а додека кај противникот, РК Прилеп најефикасен беше Бозароски кој исто така постигна 6 голови.
Фото: www.24rakomet.mk