Втората екипа на РК Вардар, РК Вардар Јуниор е победник во натпреварувањето во Првата лига на Македонија. Со максимален број на победи, екипата на Вардар Јуниор заслужено го освои првото место, а со тоа и добива шанса наредната сезона да се натпреварува во најсилната наша лига, во Супер лигата.
Во последниот натпревар, ракометарите на Вардар Јуниор ја совладаа екипата на Младост од Богданци со високи 36:20 (20:10), со што го завршија натпреварувањето без ниту еден пораз. Веднаш по крајот на натпреварот на ракометарите на Вардар Јуниор им беа доделени медалите и пехарот за освоено орво место.