На стартот на плеј-оф фазата, екипата на Металург славеше над екипата на РК Радовиш и ги прокнижи првите три бода. Во тежок и незвесен меч, екипата од „Автокоманда“ ја доби средбата со шест голови разлика 26-20 (16:13). На самиот почеток на натпреварот поведе екипата на Металург, за потоа противникот да возврати со серија од 3:0. Потоа следуваа низа од серии и на двете екипи, кои произлегуваа од низата технички грешки од двете страни. Во оваа резултатска клацкалка како победник во првото полувреме излезе екипата на Металург и на одмор замина со предност од 3 гола 16-13.
И двете екипи продолжија со ист ритам и во второто полувреме, но за разлика од првото полувреме, водството во продолжението му припаѓаше на Металург. Пред истекот на времето, Металург ја зголеми својата предност на плус 6, при што првата средба помеѓу овие две екипи заврши во полза на домаќинот со резултат 26-20.
Натпреварот помина во фер и коректна игра, во исполнета сала и во прекрасна атмосфера, а како најефикасни во екипата на Металург се издвоија Дарко Џукиќ и Раде Стојановиќ со по 5 погодоци, додека во екипата на Радовиш најефикасен беше Миле Ордев со 7 погодоци. Одлична партија пружија и голманите на обете екипи. Ефендиќ од Металург ја заврши средбата со 11 одбранети удари, а додека голманот на противникот, Паунов забележа 16 интервенции.
Металург: Митревски (3 одбрани), Ефендиќ (11 одбрани), Голубовиќ 1, Ојлески 3, Бојан Маџовски 2, Костески, Манасков 1, Бувиниќ 2, Кукоски, Борјан Маџовски 1, Талески 1, Војводиќ 2, Пешевски 2, Џукиќ 5, Вргоч 1 и Стојановиќ 5. Седмерци: 3/3. Исклучувања: 2 минути.
Радовиш: Паунов (16 одбрани), Конзулов, Марков, Петров 2, Илиев 5, Долдуров 1, Мијалов, Ѓоргиев, Фенов 1, Ангелов, Спасов, Коцев, Ордев 7 и Блажески 4. Седмерци: 2/4. Исклучувања: 4 минути.