Одложениот натпревар од 3-тото коло од ВИП машката Супер лига, што се одигра денес во Охрид, помеѓу екипите на РК Охрид и РК Металург, заврши со убедлива победа на гостинската екипа. Во првите 30 минути од натпреварот,  екипата на РК Охрид беше рамноправен противник. Се играше гол за гол, но со мини серија во последните минути од првото полувреме, екипата на Металург дојде до водство од +3, при што на одмор заминаа со резултат 12:15.

Во второто полувреме, составот на Червар заигра поцврсто во одбраната и поорганизирано во нападот, па токму тоа беше причина за зголемување на водството од минута во минута. Крајниот резултат на оваа средба е 22:30.

Во моментот екипата на Металург е на првото место на табелата, но со еден натпревар помалку. Одложениот натпревар против екипата на РК Радовиш, ќе се одигра во текот на наредната недела.