Денес продолжуваат натпреварите од 6-тото коло од ВИП машката Супер лига. Најнапред, во првиот натпревар денес ќе се сретнат екипите на РК Металург 2 и РК Радовиш. Младите ракометари на Металург 2, на домашен терен ја пречекуваат поискусната екипа на Радовиш, која на табелата е едно место пред тимот на Металург 2. Ова е шанса за младите ракометари на Металург 2 да прикажат одлична игра и да ги освојат своите први бодови во домашното првенство.
Натпреварот е закажан со почеток во 16:30 часот и ќе се одигра во спортската сала во Автокоманда. За љубителите на ракометот влезот на овој натпревар е слободен, а директен пренос од овој натпревар како и од сите натпревари од ВИП машката Супер лига ќе има на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.