Денес продолжуваат натпреварите од осмото коло од ВИП машката Супер лига. На програмата денес се 3 натпревари.  Најнапред во 17 часот во спортската сала во Автокоманда ќе се одигра натпреварот помеѓу екипите на Металург 2 и Пелистер. По неколкуте порази на Пелистер, младата екипа на Металург 2 како домаќин има можност да дојде до својата прва победа и запишување на првите 3 бода во домашното првенство.

Во вториот натпревар ќе се соочат екипите на РК Вардар Јуниор и РК Работнички. Улогата на домаќин ја има екипата на  Вардар Јуниор. Натпреварот е закажан со почеток во 18 часот, а ќе се одигра во малата сала на СЦ ,,Јане Сандански“. Ова е вистински предизвик за избраниците на Манасков, да се соочат со се поодличната екипа на Работнички, која во досегашниот дел од домашното првенство има претпено само еден пораз и тоа од екипата на Металург Директен пренос од овој натпревар можете да проследите на Собранискиот канал со почеток во 18 часот.

Во последниот натпревар од ова осмо коло од ВИП Супер лигата, ќе се пресметаат екипите на РК Тинекс Пролет и РК Охрид. Домаќин на овој натпревар е екипата на РК Тинекс Пролет, а почетокот на натпреварот е закажан за 19 часот. Овој натпревар е вистинси предизвик и за двете екипи, со победа и двете екипи би се искачиле неколку места погоре на табелата. Екипата на РК Охрид во моментот е на третото место на табелата зад Работнички кој има 19 бодови и Металург кој е прв со 21 бод.

Директни преноси од овие натпревари од ВИП Супер лигата можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.