Вечерва во Охрид се одигра заостанатиот натпревар од 9-тото коло од ВИП машката Супер лига, во кој се сретнаа екипите на домаќинот РК Охрид и РК Вардар Јуниор од Скопје. Во преполна сала и одлична атмосфера домаќинот, екипата на РК Охрид успеа да оствари победа над екипата на Вардар јуниор, 23:18 (11:9). Речиси целиот натпревар помина во доминација на ракометарите од Охрид, но скопјани на неколку пати се враќаа во натпреварот, сепак тоа не беше доволно за да на крајот извлечат поволен резултат. Иако и двете екипи во текот на второто полувреме ,,психолошки паднаа“, сепак домаќините брзо се соземаа и со одлични 4 реализирани напади по ред успеаа резултатски да се одлепат и на крајот да слават. Со оваа победа и овие 3 нови бода, екипата на РК Охрид останува на второто место на табелата зад Металург.
Најефикасни во составот на РК Охрид беа Павловиќ 8 и Кежиќ 6 погодоци, а од составот на Вардар Јуниор Андоновски и Вујачиќ со по 4 погодоци.
ФОТО: Емил Јовановиќ, Михаил Постоловски