Екипата на РК Охрид во улога на домаќин, денес ја пречекува екипата на РК Металург. Денес ќе се одигра овој натпревар од 3-тото коло помеѓу овие две екипи кој беше одложен заради обврските на Металург во Лигата на шампионите.
Натпреварот е закажан со почеток во 20 часот, а ќе се одигра во спортската сала ,,Билјанини Извори“ во Охрид. Правдата на овој натпревар ќе ја дели скопската судиска двојка Начевски и Николов, а делегат е Ацо Николовски. Како и сите останати натпревари од ВИП машката Супер лига, така и овој можете да го следите во директен пренос на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.