РК Пелистер ќе продолжи да се натпреварува во елитното друштво на македонскиот ракомет, откако битолскиот прволигаш конечно успеа да го финализира процесот на трансформација во Акционерско друштво. Согласно законот, сите прволигаши во фудбал, кошарка и ракомет мора да бидат трансформирани во АД, а кога станува збор за ракометот овој процес го немаа финиширано единствено битолчани, кои се соочија и со сериозна опасност да бидат преселени во понизок ранг на натпреварување.

„Раководството на Пелистер заедно со претставниците на Општина Битола не информираа дека процесот на трансформација е целосно завршен по судски пат и сега се чека само уште правосилноста на пресудата. Ние оваа информација ја пренесовме до Агенцијата за Млади и Спорт, која е надлежна за споредување на законот, која ги прифати дадените аргументи, по што со задоволство можеме да констатираме дека Пелистер ќе продолжи да се натпреварува во елитното друштво“ – потврдија за порталот ЕКИПА од РФМ.

По комплетирањето на процесот на трансформација во АД, за очекување е клубот конечно финансиски да се стабилизира, па да почне и со создавање на силна екипа што би се приклучила на борбата за што повисок пласман во ракометниот шампионат на Македонија.

Превземено од www.ekipa.mk