Покрај натпреварот помеѓу екипите на ГРК Борец и РК Радовиш, од ова ново коло од ВИП Супер лигата утре ќе се одигра уште еден натпревар. Се сретнуваат екипите на РК Прилеп и РК Металург. Натпреварот е закажан за утре (31.10.2015), со почеток во 19 часот, а прилепчани ја имаат улогата на домаќини. На овој натпревар екипата на Прилеп, има шанса да дојде до нова победа и со тоа да се искачи на врвот на табелата и да го поправи впечатокот,  но за противник го има одчичниот Металург кој во досегашниот дел од првенството нема ниту еден пораз.

Директен пренос на официјалната страна на ракометната федерација на Македонија.