Екипата на РК Прилеп дојде до уште една нова победа, откако убедливо ја совлада екипата на РК Тинекс Пролет во натпревар од 4-тото коло од ВИП машката Супер лига. Само во почетните 20 минути од натпреварот имаше изедначена борба. Веќе од 20-тата минута, домаќинот направи серија од 4:0, па затоа и заслужено имаше водство од +3 на полувремето, 14:11. Во второто полувреме, ракометарите на Прилеп направија една решавачка серија за понатамошниот тек на натпреварот. Крајниот резултат на овој натпревар е 30:22.
Најефикасни во составот на РК Прилеп беа Шаренац со 8 и Турченко со 7 голови, а додека кај РК Тинекс Пролет, Андоновски со 6 голови.
Екипата на РК Прилеп после оваа победа се наоѓа на првото место на табелата заедно со Металург кој пак има еден натпревар помалку.