Денес екипите од ВИП машката Супер лига ги играат натпреварите од 4-тото редовно коло. Еден од дуелите од ова 4-то коло е и дуелот помеѓу екипите на РК Прилеп и РК Тинекс Пролет. Улогата на домаќин на овој натпревар ја има екипата на Прилеп. Натпреварот е закажан со почеток во 20 часот, а директен пренос од овој натпревар можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија. Во пресрет на овој натпревар, тимот на МакРакомет имаше можност да поразговара со Стефан Стојановски од составот на Тинекс Пролет.
„За натпреварот што не очекува против екипата на РК Прилеп можам да кажам само дека тоа ќе биде еден тежок и неизвесен натпревар, бидејќи го играме на гостински терен. Она што е најважно е дека ние сме во комплетен состав и ќе се обидеме да дојдеме до наша нова победа“ – кратко изјави Стојановски.
За потсетување, двојки за ова 4-то коло се:
- РК Металург 2 – РК Металург
- РК Пелистер – РК Работнички
- РК Прилеп – РК Тинекс Пролет
- ГРК Борец – РК Вардар Јуниор
- РК Радовиш – РК Охрид