Натпреварот од 6-тото коло помеѓу екипите на РК Прилеп и РК Работнички, со право го добива епитетот,,дерби натпревар“. Заради се подобрата игра и на двата состава, тие се наоѓаат на делба на второто место на табелата  со 4 победи и по еден пораз. Ова е шанса за двете екипи да дојдат до победа и со тоа да избијат на првото место на табелата, пред Металург кој во моментот се наоѓа на првото место, но со натпревар помалку.

Екипата на РК Прилеп на овој натпревар ја има улогата на домаќин и на свој терен ја пречекува екипата на Работнички. Натпреварот е закажан со почеток во 19 часот.

Директен пренос на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.