Екипите на РК Работнички и ТИнекс Пролет ќе го отворат 7-мото коло од ВИП Супер лигата. Натпревар во кој ракометарите на Пролет ќе пробаат да го изненадат фаворизираниот РК Работнички, со што ќе го поправат лошиот впечаток кој го оставија на последниот натпревар против Вардар Јуниор на домашен терен.

Додека екипата на Работнички се надева на продолжување на ппбедничката серија, со што ќе се задржи на врвот на табелата. Натпреварот ќе се одигра денес од 16:00 часот во салата „Форца“ во Скопје.

Средбата ќе ја судат Начевски Ѓорѓи и Николов Славе, додека делегат ќе биде Николовски Ацо, сите од Скопје.