Во рамките на третото коло, кое денес го отвораат екипите на РК Пролет и ГРК Борец, ќе се сретнат и екипите на РК Работнички и РК Радовиш.
РК Работнички е домаќин на овој натпревар. По убедливиот пораз од екипата на Металург, ракометарите на РК Работнички имаат нова шанса за освојување на 3-те бода, против екипата на Радовиш која очигледно игра се подобро и подобро, а доказ за тоа е победата што ја остварија против екипата на РК Вардар Јуниор во изминатото второ коло од ВИП машката Супер лига.
Натпреварот помеѓу овие две екипи е закажан за денес со почеток во 20 часот, а ќе се одигра во спортската сала „Форца“. Правдата на овој натпревар ќе ја дели судиската двојка, Митревски и Тодоровски од Битола, а делегат на натпреварот е Камер Металари од Скопје.
Директниот пренос од овој натпревар ќе можете да го проследите на официјалната страна на Ракометната Федерација на Македонија.