Ракометарите на РК Работнички беа подобар противник на денешниот натпревар против Тинекс Пролет, со што ја забележаа шестата победа оваа сезона. Во спортската сала „Форца“ во еден тежок натпревар успеаја да го совладаат Тинекс Пролет со резултат 26:22, благодарение најмногу на феноменалната партија на голманот на РК Работнички, Ѓорѓески кој ја спушти ролетната на својот гол и стигна до импресивна бројка од 18 одбрани.
Целиот натпревар се играше изедначено, со најизменично менување на резултатот. Се до 50-та минута кога во серија младиот Ѓорѓески нанижа одбрани, кои ракометарите на РК Работнички максимално ги искористија со серија од 5:0, со што се одлепија резултатски 25:20. По што само рутински го завршија натпреварот, за конечни 26:22 и нови бодови за РК Работнички.
Најпрецизни на натпреварот беа Никола Марковски со 7, Вања Илиќ со 7 и Веко Марковски со 6 погодоци. Додека кај екипата на Пролет повторно најефикасен беше Ласко Андоновски со 5 постигнати погодоци.