Екипата на Работнички дојде до својата четврта победа во машката ВИП Супер лига. Со четири победи и еден пораз, избраниците на Андон Бошковски во овој момент се наоѓаат на врвот на табелата, а зад нив се екипите на Прилеп (-1) и Металург(-2) кои го делат второто место.

Работнички беше поуспешен од ГРК Борец на стартот од петотто коло, совладувајќи го со 27:22 (13:11). Повторно во екипата на Работнички блескаа Златко Мојсовски и Вања Илиќ кои покажаа маестрална игра на овој натпревар.

Распоред и резултати од 5-то коло:

РК Работнички – ГРК Борец 27:22 (13:11)

РК Вардар Јуниор – РК Прилеп – денес во 15 часот, СЦ Јане Сандански (мала сала)

РК Тинекс Пролет – РК Металург 2 – денес 19 часот, сала ,,Македонско Сонце“

РК Охрид – РК Пелистер – недела во 19 часот

РК Металург – РК Радовиш (одложена)