Вечерва со почеток од 20:15 часот започнува натпреварот помеѓу РК Работнички – ГРК Борец со којшто започнува 5-тото коло од македонската ВИП Супер лига
Работнички ја има фаворитската улога во овој меч и тие не бегаат од таа улога, во овој меч влегуваат со амбиции за победа. Крилото на РК Работнички – Златко Мојсовски кратко и јасно за нашиот портал изјави дека во секој меч влегуваат со амбиции за победа и не ги кријат нивните желби за победа денес.
По катастрофалниот меч пред само два дена ГРК Борец сака да се врати во колосек но од нивниот табор и сами знаат дека ова е доста тешко гостување и дека фаворитската улога ја има домаќинот. Но сепак по разговорот со некои нивни играчи тие изјавија дека ќе дадат се од себе да дојдат до нови бодови.
Интересен натпревар ќе биде и гостувањето на РК Пелистер во Охрид, како и натпреварот помеѓу екипите на Вардар Јуниот и РК Прилеп, на кој една од екипите ќе ја прекина својата победничка мини серија.
Натпревари од 5-то коло:
- Работнички – Борец (Петок од 20:15 часот)
- Вардар Јуниор – Прилеп (Сабота од 15:00 часот)
- Пролет – Металург 2 (Сабота од 19:00 часот)
- Охрид – Пелистер (Недела од 19:00 часот)
- Металург – Радовиш (одложена поради играњето на Металург во ЛШ)