Екипата на Металург денес го игра одложениот натпревар од ВИП машката Супер лига против екипата на Радовиш. РК Металург ја пречекува екипата на Радовиш на домашен терен. Натпреварот е закажан за денес со почеток во 18 часот, а ќе се одигра во спортската сала во Автокоманда.
Во пресрет на овој натпревар, ракометарот на Радовиш, Блажески ги изнесе своите очекувања.
,, Екипата на Металург е одлична екипа, која оваа година има еден одличен тим и одлично игра во Лигата на шампионите. Ние на овој натпревар сме со комплетен состав и ќе пробаме да докажеме дека можеме да се носиме со тим каков што е токму Металург во овој момент.“ – изјави Блажески.
Директен пренос: официјална страна на Ракометната федерација на Македонија. (Live Streaming)