По одигрување на првото коло и двете екипи претрпеа порази, па се чини дека овој натпревар е од исклучително значење и за двете екипи, бидејќи и двете екипи се борат за првите бодови на табелата.

Тимот на МакРакомет,  поразговара со двајца ракометари, со Миле Ордев од екипата на РК Радовиш  и со голманот Филип Ивановски, од екипата на  РК Вардар Јуниор ,кои накратко ни ги изнесоа своите очекувања за овој натпревар.

Миле Ордев, РК Радовиш:

,, На овој натпревар се очекува доста неизвесна игра, бидејќи играме со екипа која има поискусни играчи. Можам да кажам дека ние како тим макотрпно трениравме во изминатиот период за да ги намалиме слабостите што се јавуваат во текот на нашата игра, како и да се уиграме добро со новите засилувања кои дојдоа оваа сезона. Јас се надевам дека ќе имаме голема поддршка од љубителите на ракометот и со нивна помош од трибините, а наша пожртвуваност на теренот, ќе дојдеме до нашата прва победа оваа сезона.“

 

Филип Ивановски, РК Вардар Јуниор:

,,  Екипата на РК Радовиш е доста незгоден противник, а тоа се докажува кога тие играат на домашен терен. Тие имаат голема поддршка од своите навивачи. Со оглед на тоа дека и тие и ние претрпевме пораз во првото коло, сето тоа ќе донесе еден цврст и неизвесен натпревар со малку голови, бидејќи сметам дека одбраните ќе доминираат. Морам да истакнам дека во првото коло одигравме доста слаб натпревар против екипата на Металург и тоа не е нашето вистинско лице. Сигурен сум  дека во овој натпревар против екипата на РК Радовиш ќе го покажеме нашиот вистински квалитет и ќе успееме да ги овоиме првите бодови во оваа дебитантска година во Супер лига.“

За потсетување, директен пренос од овој натпревар ќе има на официјалната страна на Ракометната Федерација на Македонија.