Ракометарите на РК Радовиш денес од 19:00 часот ќе ги пречекаат ракометарите на РК Пелистер, во рамките од 7-то коло од македонската ВИП Супер лига.
Радовишани по лесното гостување во Скопје, против Металург 2, денес пред себе ќе ја има поискусната екипа на РК Пелистер, против која ќе треба радовишани да се потрудат многу повеќе дотолку сакаат да ги задржат бодовите во Радовиш.
За разлика од нив, РК Пелистер одмори во 6-то коло, бидејќи натпреварот против Металург се одложи поради обврските што ги имаа во Лигата на шампионите. Ракометарите на РК Пелистер после поразот од РК Охрид, ќе пробаат да ги изненадат радовишани и да се вратат дома со позитивен резултат.
Очекуваме цврст и неизвесен натпревар до самиот крај, кој ќе биде мелем за очи на секој љубител на ракометот.
*Директен пренос на веб страната на РМФ во делот Live Streaming.