По долгата пауза што ја имаа ракометарите на РК Струмица во СЕХА лигата, своето натпреварување го продолжуваат во рамките од квалификациите за ЕХФ купот, против тимот на Хаукар од Исланд.

Поради одалеченоста на двате екипи, заедно решија двата натпревари да ги одиграат на гостински терен во Исланд. Првиот натпревар се игра веќе утре со почеток од 20;00 часот, а вториот во сабота од 16:00 часот.

Тимот на МакРакомет им посекува среќа и се надева дека ќе се вратат со позитивен резултат, кој ќе им го продолжи натпреварувањето.