Екипата на РК Струмица не застанува со прикажување лоши игри во СЕХА лигата. Вечерва по трет пат сезонава прима 40+ голови, овојпат од екипата на Татран Прешов која убедлива славеше со 26 голови разлика, за конечни 44:18.

Ова е втор најубедлив пораз на струмичани, првиот е од ППД Загреб каде изгубија со 29 голови разлика.

Уште на почетокот на натпреварот се расчистија дилемите, откако во првите 7 минути се играше гол за гол и минимално водство на Татран Прешов. За веднаш потоа ракометарите на Татран Прешов направат серија од 8:0, и веќе во 14-та минута поведат со 13:4 и осигурат победата над струмичани.

Натпреварот потоа само рутински се одигра, со што ракометарите на Татран Прешов беа максимално расположени и само ја зголемуваа разликата, за конечни 44:18.

Најефикасен во РК Струмица беше Куленовиќ со 6 постигнати погодоци, а додека кај домаќинот најпрецизен беше Радослав Антл со 17 постигнати погодоци.