РК Струмица со реми стартуваше во првото коло од СЕХА лигата, каде во крајно неизвесен натпревар не успеа да ја совлада екипата на Војводина.

Ракометарите на РК Струмица лошо го отворија натпреварот, со што на самиот почетокот им дадоа можност ракометарите на Војводина да направат предност од 4:0. Струмичани првиот гол го постигнаа во 8-та минута преки Мирко Мајиќ, откако претходно Чантуриа промаши пенал. Почетната лоша игра се изрази на резулатот, кои го имаа во свои раце ракометарите на Војдодина, се до 25 минута. Кога се разбудија ракометарите на РК Струмица и со една серија најпрвин го израмнија резултатот, а потоа направија пресврт и заминаа на полувеме со конечни 13:11.

За разлика од првото полувреме, во второто полувреме ракометарите на РК Струмица сериозно си ја сфатија работата и одиграа на едно високо ниво. До последната минута од натпреварот го одржуваа водството, за на крај искуството да пресуди, каде во последниот напад ракометарите на Војводина за 4 секунди постигнаа погодок и го израмнија резултатот, за конечни 25:25.

Ни брилијантната партија на голманот Благојче Трајковски, кој блескаше на голот со вкупно 15 одбрани не беше доволна за прва победа на струмичани.

Најефикасен кај струмичани беше Мајиќ со 9 погодоци, додека кај гостите Марјановиќ постигна 8 погоди.