Капитенот на македонската женска ракометна репрезентациија, Робертина Мечевска, од денес е слободен играч. Нашата ракометарка и турската екипа Анкара 1910 обострано го раскинаа договорот, поради непрофесионалноста на клубот и нивните (не)амбиции за успеси во турското првенство и пошироко.
Како што Мечевска изјави, почнале сите странци да си одат од клубот поради лошата атмосфера. Нашата Мечевска потпиша за Анкара 1910 во септември, каде одигра одлични натпревари и еднаш беше избрана за најдобар пикер на колото во турското првенство.
„Моментално сум во Скопје, натпреварoт во неделата против Јенимахале не го одиграв, бидејќи обострано го раскинавме договорот поради нивна непрофесионалност. Во моментов сум слободен играч без оштета и сум во потрага по нов ангажман“ – изјави Робертина Мечевска.
„Им паднаа амбициите на клубот, почнаа да си одат странците поради лошата атмосфера во клубот. Не се пронаоѓав повеќе во тој клуб, па затоа се решив на оваа одлука“ – заврши Мечевска.
МакРакомет и посакува и се надева дека во најбрзо време ќе најде нов клуб, во кој ќе продолжи да ги прикажува своите квалитети и одржава својата одлична форма во која се наоѓа.