Македонската репрезентативка Робертина Мечевска се враќа во домашното првенство, и тоа не во било кој клуб, туку во шампионот ЖРК Вардар на пикерската позиција. Мечевска веќе е на тренинзите на ЖРК Вардар, откако првиот дел од сезонава го помина во Турција, во екипата на Анкара 1910.
Ова за Мечевска е вистинска шанса да го покаже својот квалитет, и да помогне на германката Ања Алтаус во нападот. Каде што германката е послаба. Така да очекуваме од Кастратовиќ во нападот да ја игра повеќе Мечевска, а во одбрана германката Алтаус.
МакРакомет и посакува многу успеси во новиот клуб.