МакРакомет разговараше со капитенот на македонската женскарепрезентација Робертина Мечевска за престојните квалификациите што ни следат за ЕП во Унгарија и Хрватска, како и за нејзиниот приватен живот.
1. Што те инспирираше да почнеш да тренираш ракомет?
Јас бев голем љубител на машката кошарка. Редовно ги следев сите натпревари, но бидејќи немаше женски тим за кошарка, мојот избор беше ракометот. За кој и ден денес воопшто не се каам за овој мој избор.
2. Како се случи да дојдеш да заиграш за Металург?
На иницијатива на мојот сегашен тренер Крсто Петрушевски.
3. Имаш ли некаков ритуал пред натпреварите?
Да имам, да се прекрстам и да го бакнам моето ланче кое го носам на сите натпревари.
4. Ќе ни откриеш ли којa ракометарка е најдуховитa во соблекувалната, а којa е најсериозна?
Во зависност од ситуацијата, сите девојки знаеме да бидеме духовити, но и сериозни :-)
5. Со кои од ракометарките најмногу комуницираш и дружиш?
Најмногу се дружам со Даниела Новеска и нејзината ќеркичка Ивана, но исто така голем дел од времето поминувам и со останатите ракометарки: Драгица Митрова, Симона Гроздановска, Душица Ѓеорѓиевска, Михаела Иалумициану, Ивана Саздовски и Марија Серафимовска итн.
6. На репрезентативен план во квалификациите за ЕП годинава на 26 и 29 март имаме два многу важни дуели против Русија. Како течат подготовките за тие натпревари?
Подготовките се одвиваат по предвидениот план, секој понеделник имаме тренинг со репрезентацијата, а главните подготовки за дуелот против Русија ќе започнат од четврток.
7. Со оглед на тоа што во нашата квалификациска група ги имаме силните бар на хартија, Русија и Германија, која репрезентација ќе биде ваш најголем предизвик?
Двете репрезентации ни се предизвик. Ние ќе се обидеме да играме најдобро што можеме и секако да победиме.
8. Каква атмосфера владее меѓу девојките во тимот пред овие квалификации? Верувате ли во пласман за ЕП годинава?
Атмосферата е на исклучително високо ниво и јас иксрено верувам дека можеме да ја изненадиме македонската јавност и да се пласираме на ЕП кое ќе се одржи во Унгарија и Хрватска.
9. Што може да изнервира најмногу за време на натпревар?
Кога некоја ракометарка неспортски се однесува кон мене или кон моите колешки.
10. Што мислиш за македонската публика?
Македонската публика е најдобра на целиот свет, навива искрено од срце. Таа е нашата најголема поддршка, нашиот 8-ми играч. Воедно ја користам оваа прилика во сабота на 29-ти Март да дојде во што поголем број во СЦ „Кале“ и да ни даде поддршка.
11. Ако дојдеме сега кај тебе дома и го отвориме фрижидерот, што ќе најдеме во него?
Има многу интересни нешта :-)
12. Што правиш во слободно време? Како ти поминува еден ден?
Голем дел од денот го поминувам со мојот партнер, пијам кафе со моите најмили, гледам филмови и читам книги. Исто така кога времето ќе ми дозволи често возам велосипед, за рекреација и одржување на кондиција се разбира J
13. Кое е твоето мото?
Најважно е да се верува во себе дека може да се направи она што се посакува.
14. Што би сакала да работиш ако не би била ракометарка?
Сакам да го работам тоа за што и студирав, да бидам професор по физичка култура.
15. Што им порачуваш на младите ракометарки?
Да имаат цел во животот, да работат на остварување на таа цел и никогаш да не се откажуваат. Како во спортот така и во сите други полиња од животот.