Македонската репрезентативска Сара Ристовска годинава настапува за екипата на ЖРК Вардар, каде го имаше своето деби на натпреварот против Хипо. Кастратовиќ и даде шанса пред поискусната Јованка Радичевиќ, шанса која Ристовска максимално ја искористи, постигнувајќи четири погодоци. Со што заслужено ЕХФ ја прогласи за дебитант на колото во Лигата на шампионите.
МакРакомет и честита на 19-годишната репрезентативка и воедно и посакува уште многу одлични партии, како на клупски така и на репрезентативен план.