Ракометарката на Бурса – Турција, Сара Стеваноска е една од најтaлентираните македонски ракометарки. МакРакомет разговараше со Стеваноска за нејзиното заминување, за тоа каков е животот и ракометот во Турција, видувањата за состојбата на репрезентацијата, како и за нејзиниот приватен живот.

sara_stevanoska

1. Сара, кажи ни нешто за твоите ракометни почетоци? Дали ракометот од секогаш бил твојот омилен спорт , или како и многу други се префрли од некој друг спорт? Кoј или штo е причинaтa зa дa пoчнеш дa се зaнимaвaш сo рaкoмет? Oд кaде љубoвтa кoн oвoј спoрт?
Моите ракометни почетоци се на 10 годишна возраст, кога почнав да тренирам во ракометниот клуб на моите драги тренери Бети и Вера во Прилеп. Претходно немав тренирано друг спорт, најпрво започнав со ракометот како рекреација, но благодарение на моите тренери кои на прекрасен начин ми ја всадија желбата и љубовта кој овој спорт.

sara_stevanoska2
Име и презиме Сара Стеваноска

2. Како се одлучи да заминеш во Турција, Бурса?
Во периодот кога сеуште ми траеше договорот со екипата на Јагодина – Србија, претседателот на клубот од Бурса ме забележал на некои натпревари додека играв во Србија и ми понуди убави услови за работа, со што одлучив да ја сменам средината и преминам во екипата на Бурса. Голема улога во овој мој трансфер имаше Билгин Кахил.

3. Како е животот таму, споредливо со животот во Македонија?
За разлика од Македонија, Турција е многу поразвиена во одност на сите полиња, земја која многу вложува во спортот.

4. Играш одлично сезонава во екипата на Бурса, за пофалба е последната партија против Кастамону во која постигна 12 погодоци. Каква е атмосферата во тимот? Дали се прилагоди на турскиот ракомет?
Се прилагодив на турскиот ракомет, се игра во јака лига каде што има добри тимови, а атмосферата во клубот е на едно заводно ниво.

5. Последните квалификациски натпревари на сениорската репрезентација завршија со неуспех… Кое е твоето лично мислење за квалитетот на оваа нова помладена генерација? Очекуваш ли повик за следните квалификации?
Оваа нова помладена генерација има капацитет да постигне големи успеси со добра работа и доста залагање, нема да ми биде прв пат да настапувам со репрезентацијата, но ќе ми биде мило ако бидам повторно дел од нејзе.

6. Можат ли македонските ракометни фанови да веруваат дека за година, две македонската сениорска репрезентација ќе се врати таму кај што и е местото, на европските и светските првенства?
Мислам дека е прекраток периодот со вака помладена екипа, али со многу работа и доста добра стратегија, сметам дека за брзо време можеме да се вратиме онаму каде што и е вистинското место на репрезентацијата, на големите натпреварувања.

7. Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометарки чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено не интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?
За жал немам да издвојам женски идол, бидејќи мои идоли кои играат на моја позиција се Хансен и Карабатич.

8. Што може да изнервира најмногу за време на натпревар?
Неспортско однесување и неправилно судење.

9. Ако дојдеме сега кај тебе дома и го отвориме фрижидерот, што ќе најдеме во него? :)
Јас сум на посебен режим на исхрана, така да, што имам дента на мени тоа најчесто може да се најде во мојот фрижидер.

10. Што најмногу ти недостига?
Близината на моето семејство и моето друштво…

11. Каде се гледаш за 5-6 години?
Сон на секој играч е да се најде во клуб кој настапува во лига на шампиони.

12. За крај, што ќе им порачате на читателите на МакРакомет?
Спортот е најплеменитата и најубавата споредна работа во животот, спортувајте и на секој можен начин подржувајте го и поттикнувајте го развојот на спортот во Македонија.

Датум на раѓање 28.08.1993
Место на раѓање Прилеп
Висина 174
Тежина 72
Позиција на која настапува Лев, Среден и Денес бек
Прв клуб
РК 107 Прилеп
Сегашен клуб
Бурса – Турција
Тип на музика
Зависи од расположение
Хоби или интерес за нешто различно од ракометот Пеење
Кога не би била ракометарка би била Инспектор во полиција