По поразот од Босна и Херцеговина во првото коло од светскиот шампионат, селекторот на репрезентацијата на Иран, Словенецот Борут Мачек, изјави дека грешките во второто полувреме се причина за поразот, но истовремено истакна дека верува во подобра игра во продолжение на шампионатот.
„Задоволен сум со начинот на кој одигравме во првиот дел од мечот, но направивме премногу грешки во второто полувреме, кои беа причина за поразот“, изјави Мачек.
„Нашите играчи помислија дека го добија мечот и почнаа да грешат, пропуштајќи ја шансата за триумф. Можевме лесно да излеземе како победници од дуелот. Се надевам дека ќе можеме да оствариме победа на следните натпревари. Од сега натаму, ние сме сконцентрирани на следните дуели“, заврши Мачек.