Ракометарите денес заминаа за Франција, каде следните два дена ќе биде дел од турнирот во Нант, на кој ќе ги измерат силите најпрвин со репрезентацијата на Алжир, па по евентуална победа ќе играат против победниот од дуелот Франција-Аргентина.

Најбитно од се, е што атмосферата помеѓу ракометарите е одлична, што покажува и селфито кое Кире Лазаров и Борко Ристовски го направија. На сликата се гледаат веселите лица на Филип Лазаров и Филип Миркуловски, како и заспаните Ренато Вугринец и Стојанче Стоилов :-)

МакРакомет им посакува одличен турнир, каде ќе ги средат своите тактики, па зошто и да не да го освојат #СоСрцеЗаМакедонија

selfie_macedonian_team