Француската репрезентативка, Сираба Дембеле е единствениот член од ЖРК Вардар кој се најде во идеалниот тим на Лигата на шампионите за сезоната 2014/2015. Во конкуренција за место во „дрим-тимот“ беа уште неколку наши ракометарки, но само Дембеле беше избрана за најдобра на својата позиција, здобивајќи се со епитетот најдобро лево крило во ЛШ.
Со одличните прикажани игри и со вкупно 42 погодоци оваа сезона Дембеле сосема заслужено е прогласена за најдобро лево крило во Европа.
Покрај Дембеле, во „дрим-тимот“ имаше место уште за:
- Сандра Тофт (Ларвик)
- Костика Букеши (Баја Маре)
- Дорина Корсос (Ѓер)
- Нора Мерк (Ларвик)
- Анико Ковачич (Ѓер)
- Кристина Неагу (Будуќност)
- Лин-Кристин Ригелхут-Корен (Ларвик)
- Хајди Локе (Ѓер)
За најдобар тренер беше прогласен Амброс Мартин од Ѓер.