Вчера француската репрезентативка Сибара Дембеле, беше прогласена за најдобото лево крило во „дрим-тимот“ на Лигата на шампионите.. Нешто што не израдува сите, но Дембеле како што рече ова не е победа како поединец, туки една мала победа за тимот кој оваа сезона прикажа одлични партии кога најмногу требаше.
Во пресрет на денешниот натпревар, Дембеле сака одмазда и конечно прва победа на вардарки!
„Задоволна сум, секогаш е убаво да се види своето име меѓу најдобрите. Ова не е само моја победа како поединец, туку една мала победа за тимот, затоа што сите заедно работевме за неа. Токму како таков тим треба да функционираме во полуфиналето против Будуќност, затоа што изминатите две сезони во ниту еден дуел со нив не го покажавме вистинското лице, немаме ниту една победа, но мислам дека сега е време за одмазда“ – изјави Сираба Дембеле.