Немања Прибак Македонија

Откако во текот на вчерашниот ден, македонскиот ракометен репрезентативец Немања Прибак доби труење од храна, денешните информации од Доха се многу попозитивни за репрезентацијата и стручниот штаб. Здравјето на Прибак е значително подобрено, и има реални шанси да биде дел од репрезентацијата пред исклучително важниот меч со Хрватска. Сепак, неизвесно е колку ќе може вистински да му помогне на националниот тим.

„Немања Прибак е многу подобар отколку што тоа беше случај во текот на вчерашниот ден. Тој се чувствува многу поздраво, добива на сила откако вчера беше целосно истоштен. Ќе видиме како ќе течат работите во текот на денот, по што непосредно пред мечот ќе донесеме и одлука дали тој ќе настапи против Хрватска“ – изјави Никола Панчевски, директорот на македонската репрезентација.