Денес од 19:00 часот во рамките од 15-то од ВИП Супер лигата ќе се одигра дерби натпреварот помеѓу РК Радовиш и РК Прилеп. Ракометарите на РК Радовиш ќе ги пречекат прилепчани во СРЦ „25 Мај“, со што ќе ја започнат пролетната офанзива која ја најавуваат за пласман во Топ 4 екипи, кој ќе им донесе можност за разигрување за шампионската титула, како и за излез во Европа.
РК Радовиш моментално ја делат 4-та позиција на табелата со РК Пелистер, со освоени 24 бодови, 4 бодови помалце од 3-то пласираниот РК Прилеп. Само со денешна победа радовишани може да се надеваат за зацврстување на 4-та позиција, за која несомнено ќе се води голема борба до самиот крај на првенството.
За разлика од РК Радовиш, прилепчани атакуваат за второто место на табелата. Со оглед дека само 2 бода имаат помалце од второпласираниот Металург 2, можна е секаква комбинација, со што не очекува многу возбудлив финиш на првенство.
Составот на РК Радовиш: Паунов, Јованов, Конзулов, Марков, Петров, Долдуров, Ѓорѓиев, Фенов, Коцев, С. Спасов, А. Спасов, Ордев, Блажески, Илиев, Филев.
Тренер: Љупче Атанасов.
Составот на РК Прилеп: Божиновски, Михајлоски, Тодороски, Митревски, Ѓорѓиески, Димитровски, Цветкоски, Мојсоски, Петрески, Спасески, Бозароски, Велески, Ангеловски, Талевски, Јанески, Шокоски.
Тренер: Ице Соколоски.
Директен пренос е предвиден на Собранискиот канал од МТВ со коментар на Југослав Костовски.