Тренерот на Металург, Лино Червар, го објави составот со кој македонската екипа ќе му се спротистави на украинскиот првак во првото коло од Лигата на шампиони.
16-те играчи кои ќе се обидат да дојдат до првите бодови за Металург се: Дупјачанец, Вуковиќ, Божовиќ, Бувиниќ, Костески, Крстевски, Кукоски, Кузмановски, Маџовски, Матиќ, Мраковчиќ, Палевски, Пешевски, Петров, Талески, Велковски.
За екипата на Мотор, на овој меч пријавени се следниве играчи: Бурка, Денисов, Донцов, Дорошчук, Калараш, Комок, Кошови, Козакевич, Кубатко, Куриленко, Маласинскас, Пухоски, Шелменко, Шевелев, Жук, Жуков.
За потсетување, мечот ќе го судат Французите Тјери Денц и Денис Рибел, е со почеток во 17:30, со директен пренос на МРТ 1.