Денес ги добивме последните 1/4 финалисти, но воедно и големо изненадување. Репрезентацијата на Полска во тврд и неизвесен натпревар ја совлада репрезентацијата на Шведска, за која важеше за голем фаворит на ова првенство. Со уште еднаш се потврди тоа дека секој секого може да победи на ова првенство.

После денешниве резултати, официјално нашата репрезентација го освојува 9-то место на ова СП во Катар. Што е најголем успех на СП во нашата историја.

Резултати од денешните 1/8 финални натпревари:

  • Египет 16:23 Германија
  • Полска 24:20 Шведска
  • Франција 33:20 Аргентина
  • Данска 30:25 Исланд

Четвртфинални двојки

  • Хрватска – Полска
  • Катар – Германија
  • Шпанија – Данска
  • Словенија – Франција