Денес се играат 1/4 финалните натпревари на првенството. Осумте репрезентации ќе се борат за пласман во полуфиналето, во најдобрите четири репрезентации во светот.
Исклучително јаки репрезентации, по што нијанси ќе го одлучуваат победникот. Но, натпревар кој се одвојува е Данска – Шпанија, некои што би рекле финале пред финалето. Oвој дуел е всушност реприза на финалето од пред две години во Барселона, каде Данска загуби убедливо со 35:19. Можност на данците уште во раната фаза да се реваншираат за овој тежок пораз, но останува да видиме.
МРТ1 ќе пренесува два натпревари, па останува да уживате во квалитетниот ракомет што ќе го понудат овие врвни селекции.
Распоред на натпреварите:
16:30 Хрватска – Полска (пренос на МРТ 1)
16:30 Катар – Германија
19:00 Данска – Шпанија (пренос на МРТ 1)
19:00 Словенија – Франција