Денес се одиграат 1/4 финалните натпревари, после неизвестни и цврсти натпревари ги добивме полуфиналистите на СП во Катар. Првото изненадување го направи селекцијата на Полска, која во тежок и исцрпувачки меч ја совлада фаворизираната Хрватска која немаше сили за финишот од натпреварот да го задржи водството од 1-2 гола, кое во имаше скоро цел натпревар.

Домаќинот Катар во интересен меч ја совлада големата Германија, со кое го приреди второто изненадување на денеска. Додека Франција беше убедлива против репрезентацијата на Словенија.

Дербито на денот заврши со многу интересен и воздбудлив крај, во кој Шпанците триумфираа со погодок во последните секунди од натпреварот. Целиот натпревар беше неизвесен, со многу промени на водството од двете страни, просто целиот натпревар беше мелем за очите на секој љубител на ракометот. Кој и да победеше ќе беше заслужено, но овојпат среќата беше на страната на Шпанците, данците го осетија горчливиот пораз, кој пред две години ни приредија на нас.

Резултати од денешните натпревари:

  • Хрватска 22:24 Полска
  • Катар 26:24 Германија
  • Шпанија 25:24 Данска
  • Франција 32:23 Словенија

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат во петок, подетално за нив деновиве.