Денес се играат 1/2 финалните натпревари на првенството, во кои четирите репрезентации ќе се борат за пласман во големото финале.
Првото полуфинале е помеѓу репрезентации кои на почетокот никој не можеше да помисли дека ќе стигнат толку далеку. Но, може слободно да се каже дека заслужено се пласираа, со својата борбеност и искуство кое го имаат се на пат да го остварат најголемиот успех во нивната историја на СП.
Додека второто полуфинале, може слободно да кажеме финале пред финалето. Се среќаваат две квалитетни репрезентации кои сите очекувавме да се најдат во финалето, но според сите пресметки ги гледаме во полуфиналето. Шпанците во неизвесен и тежок натпревар со Данска докажаа дека се зрели за ново злато, додека Французите ја декласираа Словенија, со што ја покажаа својата моќ и спремност да се вратат со златен медал дома.
Останува да ги проследиме двата натпревари и да уживаме во квалитетниот ракомет што ќе го прикажат овие четири репрезентации.
Распоред на натпревари:
16:30 Полска – Катар (пренос на МРТ)
19:00 Шпанија – Франција (пренос на МРТ)
Истотака денес се играат и натпревари за борба од 5-8 позиција
14:00 Хрватска – Германија
16:30 Данска – Словенија