Заврши уште еден возбудлив натпреварувачки ден на СП во Катар. Ги добивме финалистите на ова првенство, репрезентациите на Франција и домаќинот Катар ќе се борат за приматот најдобри во светот.

Во првото полуфинале домаќинот одлично го отвори натпреварот и минималното водство до самиот крај успеа да го задржи. Во второто полувреме катарците играа одлична одбрана, со што на ракометарите на Полска им беше тешко да стигнат до добра позиција, а кога веќе ќе стигнеа Шариќ беше тука да ги спречи. Со што заслужено го добија натпреварот и веќе во недела ќе се борат за првото место против репрезентацијата на Франција.

Која во тежок и неизвесен меч до самиот крај, се избори за финале благодарение на расположениот Омејер кој блескаше во последните 15 минути, особено при резултат 24-22 на две минути до крајот кога имаше изворедни одбрани и одбрани пенал со што едноставно ги откажа шпанците. Омејер натпреварот го заврши со 20 интервенции (четири одбранети пенали), со што беше најзаслужен за победата на Франција.

Во останатите натпревари, во борбата за подобар пласман за 5-8 место без големи изненадувања. Хрватска многу лесно отколку што се очекуваше ја победи Германија, а репрезентацијата на Данска ја совлада Словенија.

Со што репрезентациите на Данска и Хрватска ќе се борат за 5-то место, а Германија и Словенија за 7-то место.

Резултати од денешните натпревари:

  • Полска 29:31 Катар
  • Франција 26:22 Шпанија
  • Хрватска 28:23 Германија
  • Данска 36:33 Словенија