Денес на програмата се двата натпревари, кои ќе ни го дадат конечниот редослед од 5-та до 8-та позиција на СП во Катар.

Во борба за 5-то место ќе играат репрезентациите на Хрватска и Данска. Натпревар кој нема големо значење за двете репрезентации, бидејќи тие тежнеа за борбата за медали, која веќе ја изгубија. Останува рутинирано да го изиграат за реномето на својата репрезентација, бидејќи веќе се дел од квалификациите за ОИ во Рио.

Додека за 7-то место ќе играат репрезентациите на Германија и Словенија. Натпревар во кој се очекува жестока битка за последното место кое води во квалификациите за ОИ во Рио. Германците после начинот на кој дојдоа на СП, ова ќе им биде уште поголем залак, но останува да видиме дали словенците ќе успејат да се спротистават и успеат да го обезбедат последното место за квалификации за ОИ во Рио.

Распоред на натпревари:

14:30 Германија – Словенија
17:15 Хрватска – Данска